Владите и технолошките компании работат напорно на откривање нови начини со кои може да ги заштитат луѓето од понатамошното ширење на коронавирусот. Неодамна, Google и Apple започнаа ново партнерство за креирање на апликација која ќе им помогне на луѓето да знаат доколку стапат во контакт со заразено лице.

Новиот производ во борба против вирусот се паметни очила со термичка меморија. Очилата се креирани со инфраред сензор кој може да измери температура на 200 луѓе кои се на одалеченост од околу 3 метри. Истотака,снабдени се и со Qualcomm процесор, 12 мегапикселна камера и AR функции. Може да бидат контролирани со гласовни контроли и да снимаат видеа и слики.
