Facebook ја прошири својата колекција реакции со уште една опција. Станува збор за нова реакција која им дозволува на корисниците да покажат поддршка. Компанијата се надева дека оваа нова реакција, која е креирана со гушнато срце, ќе им помогне на луѓето да се “чуствуваат малку поповрзано” со пријателите и најблиските.
Реакцијата ќе биде достапна на глобално ниво од следната недела. Истовремено, слична нова реакција ќе пристигне и на Messenger – отчукување на срце. Ова е само мал додаток во споредба со големите проблеми со кои се соочува компанијата во моментот. Пред неколку дена, Facebook најави дека ќе додава известувања за дезионформации на News Feed на луѓето кои споделуваат статии кои содржат лажни информации во врска со COVID-19.