Заедно со буџетскиот MatePad таблет со M-Pencil поддршка, кинеската компанија ќе ја најави и очекуваната Nova 7 серија смартфони на 24 април.
Оваа серија е составена од 7 смартфони: Nova 7 SE 5G, Nova 7 5G и Nova 7 Pro 5G. Сите три ќе доаѓаат со 5G поддршка и главна камера од 64 мегапиксели.
Од нив, Nova 7 SE е најевтиниот со цена од 339 долари и има 64 мегапикселна главна камера, 8 мегапикселна ултраширокоаголна, 2 мегапикселна за портрети и 2 мегапикселна макро камера. Процесорот е Kirin 820 со 8GB RAM, а батеријата е од 4200 mAh. На предниот дел има 6.4 инчен дисплеј. Nova 7 5G е сличен на него, но има малку подобри карактеристики кај камерите и чини 424 долари.
Флегшипот во оваа серија е Nova 7 Pro 5G. Камерите се од 64MP, 8MP, 2MP и 8MP. Во внатрешноста се наоѓа побрзиот Kirin 985 процесор со 8GB RAM. Батеријата е малку помала од кај останатите два, со 4000 mAh. На предниот дел има 6.5 инчен панел. Ќе чини 523 долари.