Без разлика на каков iPhone модел сте сопственик, iOS 13 има низа скриени трикови кои може да бидат од корист. Ова се дел од нив:
Оптимизирано полнење на батеријата

Полнењето на iPhone батерија до крај и оставањето на уредот на полнач долг период може да и наштети на самата батерија. Затоа, постои опција за оптимизирано полнење на батеријата која ќе ве заштити од тоа. Одете во Settings > Battery > Battery Health и вклучете ја.
Користете го новиот Scroll бар

Кога скролате низ веб-страни на Safari, постои нова Scroll Bar опција во десниот дел од екранот. Со неа, може да скролате побрзо. Колку побрзо ја влечете, толку побрзо скролате.
iMessage Search
Пребарувањето на минати пораки од секогаш било проблем и комплицирано. Особено, кај iMessage апликацијата никогаш не работело како што треба. Сега, тоа е променето. Во горниот дел од апликацијата, може да напишете еден збор или фраза и со неа да добиете резултати во потенцијални пораки каде сте ја искористиле.
Пребарување со глас

Во било која iOS апликација каде што постои Search Bar опција, во десниот дел има мало микрофонче кое доколку го кликнете, може да пребарувате со глас.
Бришење апликации преку Update екранот

Средување на стари апликации кои ги имате на вашиот iPhone или iPad никогаш не е приоритет. Дури и да се решите за ваков чекор, пребарувањето низ сите апликации може да биде долг процес. Полесен начин е да ги најдете апликациите кои сакате да ги избришете преку update екранот.