Телефоните на преклопување стануваат се попопуларни, но повеќето од нив доаѓаат со речиси ист панел кој се преклопува вертикално или хоризонтално. ZTE планира да го промени тоа со својот нов смартфон.
Станува збор за панел кој ZTE неодамна го патентираше и покажува како дисплејот се преклопува три пати за да формира таблет. Истотака, панелот се преклопува на надворешната страна. Не може да се забележат никакви физички копчиња или камери, што значи дека компанијата сепак не планира да го претстави наскоро.
