Често се случува апликациите на вашиот смартфон да продолжат да работат во позадина и откако ќе биде исклучени. На овој начин, батеријата може да се троши побрзо од што треба. За среќа, постои начин да се реши тоа:
Станува збор за Battery Optimization функцијата која е достапна на Android смартфоните. Функцијата е достапна на уреди кои работат на Oreo (Android 8.0) и понов.
- Одете во Settings
- Најдете ја Battery Optimization опцијата во делот за апликации
- На горниот дел од екранот, кликнете “Not Optimized” и кликнете на “All Apps”. Тука ќе најдете листа на сите апликации на вашиот телефон. Кај секоја од нив ќе биде обележано “Allowed” или “Not allowed”. “Allowed” значи дека телефонот дозволува апликацијата да работи во позадина и кога не ја користите.
- Кога ќе најдете таква апликација, кликнете на неа. Потоа, одберете “Don’t allow” и потврдете го изборот кликајќи “Ok”.
