Motorola наскоро ќе претстави нов смартфон кој ќе биде следбеник на буџетскиот Moto E6 кој беше претставен во 2019 година. Во моментот не сме сигурни “LE” делот од името на новиот уред што означува. Истотака, сеуште нема никакви фотографии од неговиот дизајн. За среќа, познати се дел од неговите карактеристики.
Moto E LE ќе работи на Android 10 и Snapdragon 632 – нов и подобар процесор од Snapdragon 435 кој се наоѓа во E6. Има и батерија од 3550 mAh. Резолуцијата на екранот е од 720 x 1520 пиксели, но не е позната неговата големина. Целосните димензии се од 159.77 x 76.25 x 8.65 mm. Ова значи дека ќе биде малку поширок од Moto E6 и ќе има поголем дисплеј. Во однос на дизајнот ќе наликува на Moto E6 Plus.