OnePlus Z е новиот уред на компанијата кој ќе биде претставен ова лето. Станува збор за 6.4 инчен смартфон чии бенчмаркинг резултати се појавија неодамна.
На тестирањето прототипот работи на Android 10 и неверојатни 12GB RAM. Интересно е што и покрај тоа што е од средна класа, ќе има повеќе RAM од повеќето флегшип смартфони достапни на пазарот. Процесорот ќе биде Snapdragon 765G, кој поддржува 5G. Уредот постигна multi-core резултат од 1955 поени и single-core од 612.

Почетната цена ќе биде околу 400 долари.