Remove China Apps е апликација која е наменета да открива апликации кои биле креирани од Кина. Во Play Store, стана најсимнуваната апликација за време на викендот. Беше претставена пред две недели. Но, Google ја отстрани пред неколку дена.
Според креаторот на “Remove China Apps”, целта на апликацијата е да го открива потеклото на другите апликации. Иако самото име прави да изгледа како автоматски да брише апликации кои се креирани во Кина, креаторот изјави дека “ќе ги наведе апликациите и земјите од кои потекнуваат, а потоа сопственикот ќе може да одлучи кои од нив сака да ги избрише, а кој да ги сочува. Во описот на апликацијата пишуваше дека е креирана поради “едукативни цели”.

До крајот на викендот апликацијата имала 1 милион симнувања, а пред да биде избришана оваа бројка се покачила на 5 милиони. Самата апликација има потекло од Индија.