Galaxy S20 Ultra се смета за еден од смартфоните со најдобри камери достапен на пазарот. Сега, Samsung работи на Note 20 Ultra верзија која уште повеќе ќе го подобри ова искуство.
Овој уред ќе доаѓа со ист главен сензор од 108 мегапиксели како S20 Ultra. Ќе биде придружен од 13 мегапикселен сензор, но спецификациите на останатите камери се непознати во моментот.
Покрај тоа, моделот ќе доаѓа и со Snapdragon 865 во внатрешноста, заедно со 8GB RAM и Exynos 992 во Европа. Според Geekbench резултатите, постигна multi-core од 3220 поени и single-core од 985 поени. Ќе биде достапна и верзија со 16GB RAM.

Доколку навистина биде претставен, од Note 20 Ultra се очекува да има премиум дизајн и голем дисплеј, најверојатно од 7 инчи. Ќе има 5G поддршка и батерија од најмалку 4500 mAh.
