
Иако сеуште не е познато кога официјално ќе биде достапен Pixel 4a, уредот го очекуваме наскоро. Затоа, постојано се појавуваат фотографии од неговиот дизајн и карактеристики. На фотографиите се забележуваат неколку карактеристики со кои веќе се запознавме. Дисплејот ќе биде голем со минимални рамки и селфи камера во левиот агол. На задниот дел ќе има квадратен систем со само една камера.

- 5.8 инчен FHD+ OLED дисплеј
- Octa-core Snapdragon 730 процесор
- 6GB RAM
- 64GB меморија
- 12 мегапикселна главна камера
- 8 мегапикселна селфи камера
- Батерија од 3080 mAh

Иако не е потврдено, смартфонот го очекуваме на 13 јули, по цена од околу 349-399 долари.