Samsung се обидува да ја зголеми продажбата на своите нови уреди на секој можен начин. Покрај тоа што ги намали нивните цени, сега компанијата подготвува нов начин да ги привлече фановите – нови бои и опции.
Јужнокорејската компанија минатиот месец претстави нова Galaxy S20+ опција во Америка – Aura Blue (сина). Сега, компанијата тестира нови бои кои ќе бидат достапни од следниот месец.

Новата, т.н “Mirror Purple” Galaxy S20+ верзија ќе биде најавена заедно со нови Galaxy Buds+ во иста боја. Продажбата ќе почне од 9 јули. Овие уникатни верзии ќе бидат промовирани користејќи го најпопуларниот бенд во светот во моментот – BTS. На промотивните фотографии кои се појавија од уредите се наоѓаат дечките од бендот, како и нивното лого.
Моделите првично ќе бидат најавени во Јужна Кореја, но подоцна најверојатно ќе бидат достапни и во Европа.