ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Сo Redmi Note 9, добивате одлична комбинација на карактеристики за малку пари. Додека останатите смартфони доаѓаат со се помоќни перформанси и поголеми екрани, што не е преференција на сите корисници, Note 9 се задржува на солидниот квалитет со добри перформанси, а сепак со цена која е прифатлива за Xiaomi фановите.

Redmi серијата е една од најпопуларните буџетски смартфони на Xiaomi, и слично како претхдоните уреди, Note 9 не разочарува. Уште на прв поглед, тешко е да се забележи дека не станува збор за флегшип смартфон. Има квалитетен дизајн со голем дисплеј и привлечен изглед на задниот дел.
Дисплејот е 6.5 инчен со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и заштитен со Corning Gorilla Glass 5. Достапен е во зелена, сива и бела боја.

Иако има ниска цена, Note 9 доаѓа со систем од четири камери на задниот дел – главна од 48 мегапиксели, ултраширокоаголна од 8 мегапиксели и две од 2 мегапиксели. Селфи камерата е од 13 мегапиксели. Под хаубата, уредот пристигнува со MediaTek Helio G85 процесор, придружен од 3GB RAM и 64GB меморија како стандард. Батеријата е од 5020 mAh.