Xperia 5 беше претставен за време на IFA 2019 настанот, а следниот IFA 2020 настан ќе биде за само недела дена и Sony планира да го најави новиот Xperia 5 II.
Како и неговиот претходник, Sony Xperia 5 II беше инспириран од неговиот поголем брат – Xperia 1 II. Има висок тело-дисплеј сооднос од 21:9 со екран од 6.1 инчи. На задниот дел има систем од три камери кој е изработен во соработка со ZEISS Optics.

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 865 со 8GB RAM и 256GB меморија.
Во однос на цена, Xperia 5 II ќе чини 999 долари.