Доколку сте во потрага по моќен телефон кој нема многу да и наштети на вашата финансиска состојба, тогаш треба да посветите поголемо внимание на поновите компании. Се разбира, компании како Samsung нудат одлични флегшип смартфони како Galaxy S10, но во споредба со Xiaomi Mi 9, дефинитвно ќе размислите два пати кој повеќе вреди.
Во Ledikom.mk, уредот може да го најдете по одлична цена од:
- Xiaomi Mi 9 – 23,390 ден.
Да започнеме со запознавањето на уредот.
Доколку претходно сте виделе Mi уред, тогаш дизајнот на Mi 9 нема да ве изненади. Малку е поразличен од минатогодишниот Mi 8, а најголемата разлика е во скенерот за отпечатоци, кој овој пат се наоѓа под дисплејот. Истата ситуација беше и со Mi 8 Pro, кој имаше транспарентен дизајн на задната страна. Сензорот под дисплејот користи светлина за скенирање, што значи дека може да се “збуни” доколку го допрете со мокри или нечисти раце. Во останатите ситуации, лесно може да го користите како најбрза опција за отклучување на уредот.
Освен ако не планирате да го сместите Mi 9 во маска, дефинитивно ви препорачуваме да одберете еден од моделите во боја, бидејќи холографскиот ефект на задниот дел е неверојано привлечен и елегантен.
Комбинацијата на метал и стакло не се разликува многу од другите смартфони на пазарот, но како и секогаш нуди модерен изглед, кој веднаш привлекува внимание. Xiaomi не нуди водоотпорност и тоа е едната разлика меѓу овој и поскапите флегшип уреди кои ги нуди Samsung.
Дисплејот на Mi 9 е всушност навистина добар. Најпрво, дизајнот: Станува збор за рамен дисплеј со доволно место за работење и контролирање. Присутен е мал notch на горниот дел. Кај Mi 8 имаше проблем со него, бидејќи беше присутен при користењето на одредени апликации, но кај Mi 9 овој проблем е среден. Како и повеќето кинески компании, Xiaomi користи AMOLED дисплеј, кој потекнува од Samsung и гарантира квалитет. Панелот е 6.4 инчен, со светли бои и одлични контрасти, а неговата големина го прави практичен за работа, гејмање и гледање YouTube видеа со часови.
Една од возбудливите работи за Mi 9 е што е еден од првите уреди кој доаѓа со Snapdragon 855 во внатрешноста. Процесорот е во комбинација со 6GB RAM, а искуството при негово користење е навистина моќно. Се се случува со неверојатна брзина и овој телефон нема никаков проблем при справување со потешки и поголеми задачи. Батеријата е од 3300 mAh. Со ваков капацитет, овој уред ќе треба да го полните речиси секоја вечер, освен ако не сте личност која ретко го користи својот телефон. Но, и полнењето има свои предности. Mi 9 доаѓа со Quick Charge безжично полнење од 20W, како дополнение на обичното полнење од 27W.
Последно, ги имаме камерите. На задниот дел не очекува систем од три камери. Благодарение на главната камера од 48 мегапиксели, фотографиите направени со Mi 9 изгледаат речиси професионално. За работите да бидат уште подобри, оваа камера е придружена уште од два сензори од 12 и 16 мегапиксели, од кои едниот е широкоаголен и одличен за пејзажни слики. На предната страна, работите се еднакво добри. Селфи камерата е од 20 мегапиксели и овозможува фотографиите направени со неа да изгледаат одлично.
Xiaomi Mi 9 е најдобриот телефон кој сме го виделе од компанијата досега. Нуди одлични перформанси, придружени од модерен дизајн и ниска цена.