Huawei реши да го спаси Honor брендот со тоа што го продаде и поради тоа повеќе не е забранет во Америка.
Сега, Honor го најави својот нов флегшип V40 5G. Уредот работи на постар MediaTek Dimensity 1000+ процесор. На предниот дел има 6.7 инчен FHD+ OLED дисплеј. Процесорот е придружен од 8GB RAM, 128GB или 256GB меморија. .
Потоа, на задниот има систем со три камери (50MP+8MP+2MP) и две селфи камери од 16MP. Батеријата е од 4000mAh со брзо полнење од 66W и безжичен полнач од 50W.

Цената на V40 5G ќе биде 620 долари и ќе биде достапен Midnight Black (црна), Rose Gold (златна) и Titanium Silver (сребрена).