Во делови од Австралија беа поставени нови камери и, доколку се оди по план, ова се лоши вести за возачите кои често користат смартфони. Станува збор за Al камери кои автоматски ќе може да препознаат дека корисникот користи уред при возење. Доколку тоа биде забележано, возачот ќе добие прилично висока казна.
За среќа, на возачите ќе им биде даден период од 3 месеци да се навикнат на новиот закон. Наместо казна од 300 долари, во тој период на возачите ќе им биде испратено само предупредување. Од март, законот ќе биде целосно функционален.