Сеуште со нетрпение го очекуваме претставувањето на iPhone 12 серијата, но барем Apple ги најави новите таблети и паметни часовници на време. Од двата нови таблети, iPad 8 и iPad Air 4, вториот е поинтересен.
Покрај новиот дизајн, Apple претстави и нови бои со iPad Air 4. Сега откако Air изгледа како iPad Pro, изгледа дека Cupertino реши да најави нови нијанси од новиот модел, со цел да се разликуваат двата уреди еден од друг.
Apple ги нагласува боите како една од најдобрите карактеристики на новиот таблет. Па, што е толку специјално за нив?

Две од нив се “Space Gray” (сива) и “Silver” (сребрена) на кои не им треба претставување или посебно внимание. До нив, останатите бои се многу поинтересни.
iPad Air 4 во Rose Gold
Речиси сите нови уреди на компанијата доаѓаат во оваа бронзена нијанса која се покажа како фаворит меѓу фановите.

iPad Air 4 во зелена боја
Apple не и даде специјално име на зелената нијанса, но дефинитивно не е стандардна зелена боја. Станува збор за многу светла зелена нијанса, која не е воопшто слична како потемно зелената на iPhone 11 Pro.

iPad Air 4 во Sky Blue
Последната екслузивна боја во која е достапен таблетот е небесно сина. Со оглед на името на моделот, оваа најверојатно највеќе му одговара.

Се на се, iPad Air 4 боите се навистина уникатни и различни во однос на досегашните iPad модели.
