Следбеникот на популарниот Galaxy A71, кој ќе биде познат како Galaxy A72, ‘ќе биде првиот уред на компанијата кој ќе доаѓа со пет задни камери.
- 64 мегапикселна главна камера
- ултраширокоаголна од 12 мегапиксели
- 8 мегапикселна, 3x зум леќа
- 5 мегапикселна макро камера
- 5 мегапикселен “bokeh” сензор
Разликата меѓу 5 мегапикселната макро леќа и ‘bokeh” сензорот е тоа што “bokeh” камерата ќе биде специфично наменета за портрети, со цел да посвети поголемо внимание и да направи поголема разлика меѓу позадината и предметот кој е во центар на фотографијата.