Како дел од новиот оперативен систем, Apple додаде ново Back Tap копче кај iPhone 12 серијата. На 16 септември, компанијата го претстави iOS 14. Како дел од новата верзија е и Back Tap опцијата која му дозволува на корисникот да допре два или три пати на задниот дел од уредот и на тој начин да изврши одредена задача.
За да се вклучи новото тајно копче, одете во Settings, потоа Accessibility > Touch и скролајте надоле се додека не стигнете до Back Tap.

Откако ќе активирате Back Tap, селектирате двојно кликање и ја одбирате функцијата која сакате да се вклучи со него. Може да одберете и друга функција со три кликања.
