На 26 март Huawei ќе ја претстави својата нова P40 смартфон серија која ќе се состои од три модели – Huawei P40, P40 Pro и P40 Pro Premium Edition.

Меѓу нив, најевтиниот ќе биде P40 и ќе доаѓа со три задни камери – главна од 52MP, 40MP широкоаголна и трет сензор за портрети. Овој уред ќе биде достапен во сина, златна, црна, сина и бисерна нијанса.

Потоа, го имаме поскапиот P40 Pro. Овој уред ќе има ист систем камери со P40, со дополнителен ToF сензор. Ќе биде достапен во сребрена, златна, сина и бисерна нијанса. Дополнително на тоа, ќе биде достапен и зелен модел.


Најинтересниот од трите дефинитивно ќе биде Huawei P40 Pro Premium Edition. Ќе има керамичка конструкција во бела и црна боја.
