Како што кажува името, Moto G8 Power Lite ќе биде послаба верзија на Moto G8 Power. Додека G8 Power чинеше 250 евра, цената на Lite моделот ќе биде околу 190 евра.

Кај Moto G8 Power Lite ќе биде присутна голема батерија од 5000 mAh, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. На предниот дел ќе има 6.5 инчен со резолуција од 1600 x 720 пиксели. Ќе работи на Helio P35. Истотака, една од четирите камери на G8 Power ќе биде отстранета, но сеуште не е познато која. Последно, знаеме дека ќе има waterdrop notch дизајн.
Сега останува само да видиме кога ќе биде претставен.